Бајиќ: Димитријевиќ немаше храброст да се јави и да ми каже зошто не доаѓа да игра за Македонија

Селекорот Драган Бајиќ се соочува со огромни проблеми поради отсуството на десетина кошаркари предводени од капитенот Војдан Стојановски.

„Многу играчи не се појавија во овие подготовки, некои од оправдани, а дел од нив и од причини што се неразбирливи за нас. Имаше 11 играчи на кои сметав да ги повикам, а не се тука. Војдан е капитен и е повреден, Дамјан разговараше и со мене и со луѓето од федерацијата и од приватни причини побара летово да добие одмор. Дарко Соколов реши да се посвети на клупската кариера, велејќи дека неговата репрезентативна кариера е готова. Андреј Јакимовски исто така нема да биде во составот, како и Андреј Маслинко, кој е повреден. Во тимот ќе го нема ниту Младеновски, на кого сериозно сметав, но дојде на тренинг, се пожали на болка во зглобот и нема да биде во комбинација“, изјави Бајиќ на денешната прес-конференција.

Потоа, Бајиќ се осврна на Ненад Димитријевиќ, од кого е максимално разочаран поради непојавувањето да се помогне на националниот тим во овој тежок момент.

Ненад Димитријевиќ. Јас лично на 14 јуни му се јавив и му ја преставив својата визија, дека македонската кошарка е во тешка состојба и тој треба да биде лидер, да ги поведе останатите млади играчи со себе и да правиме позитивна приказна. Му кажав дека ни е многу потребен. Потоа, само имав повик во кој неговиот менаџер ме замоли на 28 јули да се приклучи на репрезентацијата поради пренапорната сезона. Прифатив, иако ми беше чудно бидејќи тоа е момче од 23 години е несвојствен. Следно што се случи е – Ненад Димитријевиќ не се појави на репрезентативниот собир ниту на 28 јули. Не сакам никого да обвинувам, само да кажам што се случуваше, јас како селектор го повикав и му кажав што очекувам од мене, а тој немаше доблест да ми се јави и да ги објасни своите причини. Македонската јавност е тука да суди, да види кој е во право, а кој не е, а во оваа држава има доволно позитивни примери кога е во прашање односот кон репрезентацијата, како Горан Пандев и Кире Лазаров“, истакна Бајиќ.

На оваа тема говореше и претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, кој обелодени дека е можна санкција за двајца млади играчи кои не одговориле на повиците на федерацијата, Дино Боцевски и Михаил Наумовски,

„Ние од стартот кажавме дека нема да има суспензии за играчи кои нема да дојдат за репрезентација. Разочаран сум најмногу од Нено Димитријевиќ бидејќи уште како мал сум стоел зад него и сум поддржувал. Цело време сме во контакт, тој најпрвин побара две недели одмор, па потоа велеше дека му било топло и не можел да дојде до центарот на градот, па Тодор Гечевски двапати одеше да се сретне со него, за да му каже дека не може да игра за Македонија. Никој не заслужил ваков однос од него, разговаравме и со ФИБА, имаме и дисциплински правилник и ќе одиме според него. Нашиот правилник не важи за играчи кои настапуваат во Шпанија, но има и играчи кои се од Македонија како Дино Боцевски и Михаил Наумовски, кои воопшто не се појавуваат на повиците на селекторите“, изјави Антиќ.

Се вчитува...