Бајиќ: Македонија не е на нивото на Шпанија, само првата четвртина личеше на нешто…

ЕКИПА во Сарагоса,

Стеван Цаневски

Селекторот на македонската репрезентација, Драган Бајиќ, немаше многу причини за задоволство откако нашите кошаркари постигнаа само 44 поени и загубија убедливо на гостувањето против Шпанија.

Бајиќ беше разочаран од ваквиот исход, потенцирајќи го неиграњето на неколку кошаркари кои настапуваа претходно како една од главните причини за ваквиот исход.

„Честитки до шпанскиот состав за победата и благодарност за приемот. Што се однесува до мечот, знаевме дека Шпанија е голем фаворит. Немавме многу време за тренинзи и подготовки, ни недостигаа и четири-пет добри кошаркари. Тоа придонесе да се случи она што се случи, имаше добри моменти од кои мораме да сме задоволни, имавме и лоши моменти кои треба да ги корегираме ако сакаме да напредуваме. Едноставно, мислам дека квалитетот и физичката подготвеност на Шпанците беа пресудни за да се стигне до ваков резултат. Тимот што јас го водам не е на ова ниво на натпреварување како и Шпанија, можеше да се види дека не се снајдовме на една силно агресивна одбрана. Првата четвртина личеше на нешто, додека имавме енергија, но втората четвртина покажа пресуди борбата за победа предвреме да заврши . Задоволен сум од атмосферата и од тимската хемија што ја имавме. Некои работи што се влечат од минатото и се уште се присутни, тоа нешто мора да смени за да тргнеме напред. Верувам во овие момци, верувам дека ќе бидеме се подобри и подобри, штом ни се приклучат сите кошаркари кои денеска ги немавме во тимот“, изјави Бајиќ.

Се вчитува...