Бајиќ: Многу откажувања и отсуства, но верувам дека на овие младите репрезентативниот повик им значи

Па пауза од три месеци, Драган Бајиќ повторно ги собра македонските репрезентативци во обид да се создаде победничка стратегија за претстојните два квалификациски натпревари против репрезентацијата на Грузија на 24. февруари во Тбилиси, и три дена подоцна, на 27. февруари во Скопје.

Непосредно пред првиот од двата предвидени тренинзи во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, предводникот на нашиот национален тим со свои видувања за се она што следува во текот на оваа седмица.

„Навистина не сакам да ги набројувам сите потешкотии кои ги имаме. Од првиот ден откако дојдов тука имам желба за работа, но едноставно имаме страшни проблеми од циклус во циклус кога е ростерот во прашање. Немаме среќа барем еднаш да се собереме сите заедно и да видиме сите каква ни е моќта. Секако, јас како тренер нема да барам алиби за резултатите, што и да биде јас ја преземам одговорноста за се, но жал ми е за момците затоа што еднаш не можеме да сме сите заедно и да градиме еден хомоген тим“ – вели Бајиќ, притоа дополнувајќи:

„На овој собир доаѓаме веднаш по завршување на куп-натпреварувањата. Лошо е што во Македонија можеби настанот не беше поместен за ден-два па сите да бидат малку одморени од обврските и да тренираме. Не можам да работам многу кога говориме за тактичкиот дел. Проблем е исто така што и јас ќе морам да патувам за Тбилиси по друг пат, да патувам рано за Истанбул. Меѓутоа што е тука е, имаме и некои млади играчи на овој собир и ќе се обидеме да го извадиме најдобриот состав, затоа што навистина сме хендикепирани“.

Стартот на собирот одбележан и од неколку откажувања…

Добивме уште два нови откази, Стајиќ и Ѓуроски нема да играат, Дамјан Стојановски нема да игра, Андреј Магдевски нема да го имаме… навистина многу изостаноци и потешкотии имаме. Ќе се обидеме да извадиме подобар ростер и во Грузија да дадеме што е можно поголем отпор. Сигурно е дека против нас ќе имаме голем фаворит, но ако ни се даде шанса, верувам ќе знаеме да ја искористиме. Останавме со еден плејмејкер, тоа е Кристијан Николов. Имаме и млади играчи со кои полека ги пополнуваме позициите. Ако бевме комплетни може да се кажеше дека ќе даваме отпор голем или слично, сега ќе излеземе на терен без бело знаме и ќе видиме што ќе биде“ – вели Бајиќ.

Македонскиот селектор потенцира дека не е задоволен од тоа како се развиваат младите играчи во своите клубови.

„Од ситуацијата што ја следам, не сум задоволен како играчите се развиваат во своите клубови. Не се мешам во ничија политика, познато е дека тука доста клубови се потпираат на странци, имаат четири во ростерот и еден домашен играч. Јас не работам долго време со нив, да имам да кажеме малку подолг период, да ги имам сите заедно и да работиме, секако дека многу работи би биле полесни. Но ете, гледате, патуваме во Грузија без еден сериозен тренинг и тешко е за мене како тренер да го извлечам најдоброто од сите. Верувам дека на сите млади кошаркари им значи повикот во Македонија, дека им значат овие тренинзи, а уште ако бидат во ростер тоа сигурно ќе биде уште поголема мотивација. Со влезот во квалификациите за СП направивме голем успех. Задоволен сум од она што го видов. Во ова време треба да им дадеме шанса на повеќе млади играчи и да ги дочекаме спремни квалификациите на Европското првенство, на кое ќе треба да целиме да учествуваме“ – завршува Бајиќ.

Се вчитува...