Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 18 часот силите ќе си ги одмери со Украина во второто коло од квалификациите за Светското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ во овој меч влегуваат со цел рехабилитација од поразот со Шпанија, а и воедно забележување на првата победа во оваа фаза која ќе значи и чекор понапред до исполнување на амбицијата.
Интересно пред денешниот дуел селекторот Драган Бајиќ изјави дека подготовките биле фокусирани кон дуелот со светскиот шампион Шпанија, а за Украина имало многу малку време за анализа.
„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Треба да се одмориме колку што можеме и да се подготвиме за натпреварот. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“, изјави селекторот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА