Бајиќ: Ништо не е загубено, одиме на победа против Словачка

Македонија вечерва ќе се сретне со Словачка во вториот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2023 година. Селекторот Бајиќ вели дека и покрај поразот од првиот меч со Швајцарија се уште не е нишо загубено.

„Не ни годеше поразот од Швајцарија. Но, мора да повторам дека и да победевме немаше многу да добиеме, а со самото тоа и со овој пораз не изгубивме многу. Синоќешниот резултат ни оди на рака бидејќи имаме уште три натпревари до крајот. Се обидовме да го анализираме мечот против Швајцарија и воочивме некои грешки. Немам што да им замерам на момците и да каже дека не се бореа. Сепак, тие недостатоци особено поени во нападот кои ни недостигаат се најголемиот проблем на тимот, се останато може да се рече дека е на високо ниво. Се чувствува доза на притисок кај репрезентативците. 80 отсто од тимот првпат доби улога во репрезентацијата која досега ја немаа. Се надевам дека веќе од вториот натпревар тој притисок ќе се намали и ќе бидеме посконцентрирани. Најважно е да го задржиме нивото во одбрана и да го подигнеме нивото во напад“, вели Бајиќ. 

Тој дополнува дека Словачка е квалитетна екипа и клучно во мечот ќе биде да се спречат нејзините најдобри кошаркари.

„Словачка е добра екипа што покажаа и на мечот со Швајцарија. Мора да имеме озбилен пристап. Мора да им ги затвориме нивните најдобри кошаркари и низ нашата брза да игра да стигнеме до колку можеме повеќе лесни поени. Ја повикувам публиката во колку може поголем број да дојде и да ги поддржи овие момци кои даваат максимум за Македонија“, заврши Бајиќ. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан во 19 часот, а како што најавија од КФСМ ќе биде дозволено 30 отсто публика од капацитетот на салата.

Се вчитува...