Бајиќ: Одигравме без енергија…, не губиме многу со овој пораз

Драган Бајиќ со пораз од Швајцарија во претквалификациите за Светското првенство 2023 година ја започна селекторската позиција на македонската кошаркарска репрезентација. „Црвено-жолтите“ денеска немаа решение во нападот, а згора на тоа беа промашени и неколку зицери, како и слободни фралања кои дополнително ги отежнаа работите.

По мечот селекторот не го криеше незадоволството од прикажаното на неговите избраници, а вели дека и покрај поразот ништо не е загубено.

„Уште на тренинзите почувствував многу нервоза и низ таа нервоза дојде до грешки. Она што забележав е дека влеговме во голем грч, а потоа останавме без енергија, сила и концентрација. Можеби осум до девет зицери промашивме, седум промашени слободни фрлања и на крајот, кога успеавме да се вратиме на прифатлива разлика, ние правевме тешки грешки. Не одговоривме на нивната одбрана, додека тие беа спремни за нас иако игравме во некој изменет состав. Мора да го анализираме овој меч и да се одмориме, па да одиме да победиме на следниот. И да победивме на овој натпревар, немаше да добиеме ништо. Не губиме многу со овој пораз“, изјави Бајиќ.

Се вчитува...