Бајиќ откри зошто Трајковски не е повикан во репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги почнува квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година со натпреварите против Шпанија (26. ноември) на домашен терен и Украина (29. ноември) на гости.

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Бајиќ образложи зошто Бојан Трајковски кој беше капитен во претквалификациите летоска, не се најде на списокот за ноевмрискиот квалификациски прозорец.

„Од моето прифаќање имав една цел, подмладување и давање шанса на младите играчи. Трајковски испочитува се што му дадов како задача на претквалификациите и сум му благодарен на тоа. Сега тој не е на високо ниво и доколку се уште играме со тие играчи како Трајковски, Крстевски, Стојановски и истите добиваат 40. минути на натпревар кога ќе добијат младите шанса за докажуваме? Можеби Симиќ ќе биде новиот Перо Антиќ, а ако не добие шанса никогаш нема да знаеме“, додаде Бајиќ. 

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се игра в петок со почеток во 19.30 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...