Бајиќ со Игокеа стартуваше со победа во ФИБА Лигата на шампиони

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Драган Бајиќ со победа ги стартуваше натпреварите од сезоната во ФИБА Лигата на европските шампиони. Во 1. коло, Игокеа предводена од Бајиќ славеше против грчки ПАОК со 68-64.

Низ крајно тежок натпревар, во меч со серија пресврти на крајот Игокеа сосема заслужено славеше, и покрај тоа што гостите на полувремето имаа предност од 26-32.

Грците влегоа со предност од 43-49 во последните десет минути од мечот, но Американецот Волер предводеше во пресвртот во последната четвртина за конечен триумф. Волер мечот го заврши со 14 поени, а Радонов постигна 13 поени. На спротивната страна Грифин постигна 18 поени.

Игокеа, покрај со ПАОК, во Групата Е и со екипите на Галатасарај и Нимбурк.

Се вчитува...