Бајиќ: Свесни сме дека недостига квалитет, но ќе сториме се за да ги минеме претквалификациите

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Драган Бајиќ, е оптимист дека Македонија ќе успее да обезбеди пласман во главната фаза од квалификациите за СП 2023

Огромните проблеми со ростерот и откажувањата на десетина кошаркари значително ги намалуваат шансите на Македонија, но Бајиќ верува дека оние играчи кои ги има на располагање ќе одговорат на предизвикот во претстојните претквалификации што ќе се одржат во Скопје.

Целта е јасна, да се пласираме во главните квалификации за СП. Знаејќи каков играчки недостаток имаме, одрабтевме тренинзи и со дел од помладите играчи, за да видиме кој од нив би можел да ни биде од помош во сениорскиот национален тим. Морам да го истакнам максималниот професионализам на сите кошаркари, кои работат максимално, целосно се дисциплинирани и ги исполнуваат задачите што им се даваат. Репрезенативниот дрес е светост и сакам ваквиот нивни пристап да остане до крајот на претквалификациите. Свесни сме дека немаме квалитет во моментов, дека десет играчи од овие кои фалат најверојатно би биле на мојот список од претквалификациите, но тоа не менува ништо. Јас сум борец, знам дека моите играчи ќе се борат и ќе сториме се за да ги минеме претквалификациите“, изјави Бајиќ.

Тој се осврна на контролните натпревари против Црна Гора на кои Бајиќ имаше можност да ги види на дело играчите кои ќе му бидат на располагање во претквалификациите.

„Јас најпрвин планирав да одиграме средба со У20 репрезентацијата, но тие се соочија со проблеми со коронавирус и не сакавме да ризикуваме. Благодарност до федерацијата на Црна Гора, што ни излезе во пресрет да одиграме две квалитетни средби. Не ми беше важен резултатот, туку момците да почувствуваат како е да играат со ривал посилен од нив. Имаме проблеми со составот, но како тренер никогаш не сум сакал да кукам и да барам алиби. Затоа, сум задоволен од оние момци кои ги имам во моментов на располагање и јас секогаш ќе застанам пред играчите и ќе ја преземам одговорноста доколку резулатите не бидат како што посакуваме“, истакна македонскиот селектор.

Се вчитува...