Бајиќ задоволен: Ме радува односот на момците кон државниот дрес

Македонскиот селектор Драган Бајиќ има причина за задоволство по значителниот напредок на вториот контролен натпревар со Црнаа Гора, што нашата репрезентација го доби со 65-58.

Тој го истакна тимскиот дух како значаен фактор на патот кон успехот, но потенцира дека во играта на „црвено-жолтите“ се уште има простор за напредок, во пресрет на претквалификациските битки со Швајцарија и со Словачка.

„Морам да ја истакнам сјајната атмосфера во тимот, и односот на играчите спрема дресот кој го носат. Како на натпреварите, така и на тренинзите. Како тренер сум многу среќен поради тоа и сметам дека само со еден таков однос ќе дојдеме до целта која што си ја поставивме пред себе. Во недостиг на одигрување на контролни натпревари, овие две проверки против репрезентацијата на Црна Гора ни се како добредојдени. Она што во подготовката за овој втор меч им го реков на играчите, а тоа е дека нивото на агресивноста во одбраната мора да го држиме високо низ целиот тек на натпреварот, да бидеме сконцентрирани на задачите за кои се договоривме, и да се обидеме да го сведеме бројот на загубени топки на минимум, го реализиравме. Можам да бидам задоволен со поголем дел од реализираното. Но сметам дека имаме уште поголем простор за напредок во играта“, изјави селекторот Бајиќ.

Се вчитува...