Бајлс: Требаше да се откажам пред игрите во Токио

Една од најдобрите гимнастичарки на сите времиња, Американката, Симон Бајлс уште еднаш говореше за своето учество на Летните олимписки игри во Токио.

Таа дојде во Јапонија со желба на освојување на сите шест златни медали, меѓутоа во текот на натпреварувањето во екипна конкуренција се повлече и до крајот на најголемата спортска смотра учествуваше само во финалето на греда каде го освои бронзениот медал.

„Се чувствував депресивно и пред доаѓањето во Токио. Кога погледнав низ што се поминав во претходните седум години не ни требаше да одам во Јапонија. Требаше многу порано да се откажам“, изјави Бајлс. 

Бајлс е сопственичка на четири златни медали од Олимписките игри и 19 светски златни медали.

Се вчитува...