Бака ги одби кинеските милиони

Фудбалерот на Милан, Карлос Бака, го одби трансферот во кинескиот Тјанџин и годишната плата од 12 милиони евра, објави „Газета дело спорт“.

Доколку Колумбиецот ја прифатеше кинеската понуда, Милан ќе добиеше обесштетување од 35 милиони евра, а Бака ќе заработуваше трипати повеќе од сегашните 4 милиони евра годишна плата што ја има во италијанскиот клуб.

Според италијанските медиуми, Бака во последно време не е во добри односи ни со раководството на Милан, ни со навивачите, но и во таква ситуација тој реши да ја одбие понудата на тренерот Фабио Канаваро да замине во кинескиот Тјанџин.

Бака изјави дека за него фудбалот секогаш е пред парите, а доколку реши да змине од Милан тоа ќе биде во силна лига и во квалитетен клуб, бидејќи сака да игра за Колумбија на СП во Русија.

Се вчитува...