Балак: Нема многу фудбалери кои би зборувале лошо за Мурињо

Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак истакна дека уживал во периодот од кариерата во која работел со Жозе Мурињо.

„Ви привлекуваат неговата личност и амбиција. Работата со таков тренер беше нешто потполно ново за мене. Чувството беше одлично. И понатаму имам добар однос со него. Нема да најдете многу фудбалери кои ќе зборуваат лошо за него“, изјави Балак. 

Балак и Мурињо соработуваа во Челси, а покрај на клупата на клубот од Лондон, Португалецот во кариерата ги водеше и Порто, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а во моментов е предводник на Тотенхем.

Се вчитува...