Балканска вечер во НБА – Дончиќ и Бојан Богдановиќ лидери, добар меч и на Богдан

Далас стигна до уште една победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше над Детроит со убедливи 113-131. Предводник на составот од Тексас беше Лука Дончиќ кој со 26 поени, 14 асистенции и 8 скока повторно беше блиску до трипл-дабл учинок. На спротивната страна блесна Канингхем со 25 поени и 9 скока.

На убедлива победа се радуваше и Јута која ја доби Оклахома на домашен терен со 137-101. Лидер на домаќините беше Бојан Богдановиќ со 27 поени и 5 скока, додека Французинот Орд на спротивната страна постигна 23 поени и 5 скока.

Солидна вечер имаше и Богдан Богдановиќ кој во победата на Аталанта над Вашингтон со 118-103 постигна 18 поени и 4 асистенции. Лидер на Хокс беше Тре Јанг со 30 поени и 11 асистенции, додека на спротивната страна дабл-дабл од 26 поени и 18 скока забележа Порзингис.

Во останатите натпревари Бруклин славеше со 98-110 во градското дерби против Њујорк, Бостон го освои Чикаго со победа од 94-117, додека Клиперс го најдоа решението за Феникс со триумф од 113-109.

Се вчитува...