Балканско шоу во Сан Франциско: Лука и Бобан се подготвени за Голден Стејт (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас Маверикс, Лукa Дончиќ и Бобан Марјановиќ, често знаат да направат забава на тренинзите на франшизата од Тексас. Така беше и на последниот тренинг во Сан Франциско на екипата која се подготвува за конференциското финале против Голден Стејт Вориорс.

Словенецот во еден на еден против Србинот успеа да погоди од невозможна ситуација. Првиот натпревар во финалето на Западот меѓу Голден Стејт Вориорс и Далас Маверикс е на програмата вечерва во 3 часот по полноќ.

 

Се вчитува...