Балотели два пати го „боцна“ Монако, а Фалкао во финишот го спаси од пораз

Монако во последен момент успеа да избегне пораз од Ница на домашен терен, играјќи 2-2. Марио Балотели беше стрелец на двата гола за Ница на овој натпревар, а Радамел Фалкао во втората минута од судиското продолжение го спаси Монако од пораз.

Дијакаби во 33.минута им донесе предност на „кнезовите“, но Марио Балотели успеа да израмни на самиот старт на вториот дел, постигнувајќи погодок во 47.минута од средбата. Истиот фудбалер во 68.минута уште еднаш ја погоди мрежата на Монако, а Радамел Фалкао во самата завршница сепак израмни на 2-2.

Се вчитува...