Балотели: Можев да бидам како Меси и Роналдо, но пропуштив неколку шанси…

Некогашниот напаѓач на Интер, Милан, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Олимпик Марсеј, Бреша и италијански репрезентативец Марио Балотели, имаше квалитет да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот. Но, како што самиот призна, пропуштил шанси да биде како најдобрите светси напаѓачи. Исто така кажа дека заминувањето од Манчестер Сити му е грешка која не смеел да ја направи.

„Можев да бидам како Агуеро, многу години да играм таму. Сигурен сум дека можев да дојдам со Златната топка. Но, знаете како е, кога ќе пораснете тогаш созревате. Во целост сум сигурен дека мојот квалитет е како Меси и Роналдо, но јас… Јас пропуштив неколку шанси. Се случува. Денеска не можам да кажам дека сум добар како Роналдо затоа што освои толку многу Златни топки. Никој не може да се споредува ниту со него, ниту со Меси“, рече Балотели.

Во моментов Италијанецот игра за Адана Демирспор во Турција. Исто така селекторот на Италија, Роберто Манчини планира да го повика за националниот тим за баражот со Македонија.

Се вчитува...