Балотели најде клуб во Италија, нема да го „глуми Марадона“

Марио Балотели конечно ја заврши потрагата по нов клуб откако се договори кариерата да ја продолжи во италијанскиот второлигаш Монца. „Супер Марио“ е без клуб откако го раскина договорот со Бреша, беше поврзуван со бројни клубови, а минатата седмица беше објавено дека е најблиску до преселба во редовите на Васко да Гама.

Претседателот на бразилскиот клуб изјави и дека „трансферот на Балотели за нив би бил како да доаѓа Марадона“, но „Супер Марио“ не падна на овие комплименти и реши да остане во татковината.

Монца, чиј газда е поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, покажува амбициозен проект, моментно се наоѓа на осмото место на табелата, но јасно е дека со доаѓањето на Балотели овој тим ќе се обиде експресно да се вмеша во трката за влез во елитата.

Се вчитува...