Балотели пред осум години: Ливерпул шампион, тоа ќе биде крај на светот

Марио Балотели е познат по своите контроверзни изјави низ годините, но проблематичниот голгетер „погоди“ една работа, кога пред осум години изјави дека кога Ливерпул ќе стане шампион во Премиер-лигата – тоа ќе биде крај на светот. Изјавата е дадена во 2012 година, кога „Супер Марио“ го носеше дресот на Манчестер Сити, тим со кој стигна до титулата, а Ливерпул сезоната ја заврши на осмата позиција на табелата.

„Црвените“ имаат 25 бода предност во однос на Манчестер Сити, а светот се бори со коронавирусот, борба што се прошири низ речиси сите земји низ светот. Како што стојат работите, Ливерпул и покрај големата предност би можел да остане без титулата, доколку сезоната не се доигра, а клубовите на крајот гласаат да дојде до поништување без одредување на шампион.

Судбината сакаше Балотели две години подоцна да го облече дресот на Ливерпул, но Италијанецот не се прослави, во периодот од 2014 до 2016 година одигра 16 средби за „црвените“, постигнувајќи еден единствен погодок.

Се вчитува...