Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели во интервју кажа кој е најлошиот тренер што некогаш работел со него. За Италијанецот, Брендан Роџерс е најлошиот тренер во неговата кариера.
Балотели и Роџерс соработуваа заедно во сезоната 2014-2015 во Ливерпул, додека тренерот мина три години како тренер на „црвените“. Потоа замина во Селтик, а беше тренер и на Лестер, по што одново се врати во шкотскиот клуб.
Според Балотели, стручњакот имал одредени квалитети на тренинзите, но има замерки на неговиот човечки квалитети, кои ги нарекол „катастрофа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА