Балотели: Златан зад грб ме фалеше, а во лице ме навредуваше…

Марио Балотели не крие дека негов идол на почетокот од кариерата беше Златан Ибрахимовиќ, со кого имаше можност да настапува во дресот на Интер. Конкуренцијата во нападот на „нероаѕурите“ во таа 2009 година беше огромна, Ибрахимовиќ, Адријано, Креспо, Круз, па јасно е зошто младиот Балотели не добиваше премногу шанси.

Две години претходно тој го имаше првиот тренинг со сениорската екипа, а на Златан не му требаше многу време да му покаже на „новото дете“ каде му е местото.

„Кога имав 16 години за првпат тренирав со ѕвездите на Интер. Бев фасциниран од Ибрахимовиќ, кој за мене беше фудбалски Бог. Уште на првиот тренинг Златан ми се сврте и ми кажа: Ти навистина мислиш дека ќе играш овде? Денеска тренираш со нас, а утре веќе си поранешен“, открива Балотели.

Двајцата имаат ист менаџер, познатиот Мино Раиола, кој е еден од ретките кај кого Ибрахимовиќ зборувал позитивни работи за Балотели.

„Кога и да се видевме тој ме навредуваше, ми велеше дека сум патетичен… А кога се сретнал со Мино Раиола, му рекол дека постои еден фудбалер кој е посилен од него и ме именувал мене. Бев горд кога го дознав тоа бидејќи и покрај сите коментари на моја адреса, тој секогаш ми порачуваше да продолжам да играм фудбал, никогаш да не се откажувам“, истакнува Марио Балотели.

Се вчитува...