Бањаја победник на првата спринт трка во историјата на Мото ГП

Актуелниот светски првак Франческо Бањаја, е победник на првата спринт трка во историјата на Мото ГП шампионатот, завршувајќи пред Хорхе Мартин и Марк Маркес.

Воочи на големата трка за ГН на Португалија, Бањаја славеше со 19.52,862 минути, и така ги освои првите 12 бода во новата сезона.

Мартин освои девет, а Маркес седум бодови со второто и третото место.

Бодови во првата спринг трка освоија уште и Џек Милер, Маверик Вињалес, Алеш Еспаргаро, Мигел Оливеира, Жоан Зарко и Алекс Маркес.

Трката за ГН на Португалија е на програмата од 15:00 часот, а од пол позицијата ќе тргне  Маркес кој беше најбрз во квалификациите.

Се вчитува...