Банега ја напушта Севилја, потпиша за Ал Шабаб

Аргентинскиот интернационалец Евер Банега ќе ја напушти Севилја на крајот од сезоната и ќе замине во Саудиска Арабија. Тој потпиша тригодишен договор со тимот Ал Шабаб и ќе му се придружи по завршувањето на сезоната во Ла Лига.

Севилја и оваа сезона се бори за пласман во Лигата на шампионите, а Ал Шабаб се наоѓа на деветтата позиција во првенството на Саудиска Арабија.

Евер Банега од 2017 година одигра 82 натпревари во дресот на Севилја и постигна осум гола.

Се вчитува...