Бара трансфер поради тоа што не сака да игра на позиција која не му одговара

Хрватскиот интернационалец Кристијан Јакиќ, би можел во овој преоден рок да го напушти тимот на Ајнтрахт Франкфурт и да продолжи во некој друг клуб. Наводно Хрватот барал од клубот да игра на позицијата последен играч за врска, а не во одбраната каде што во последно време дејствува.

Јакиќ би можел да се пресели во Штутгарт, кој му гарантира дека ќе игра на позиција која ја посакува, по заминувањето на Ендо во Ливерпул.

Ајнтрахт за него бара осум милиони евра, еден милион повеќе од она што го плати на Динамо. Постои опција и да оди како позајмен, со задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Се вчитува...