БАРАЖИ ЗА ВЛЕЗ ВО ВТОРА ЛИГА: Тетекс против Осогово, Вардар Неготино со Новаци…

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа одредени бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезона 2023/24.

Ждрепката сакаше досегашниот второлигаш Тетекс да се соочи со Осогово, Башкими против Влазрими додека Вардар Неготино со Новаци.

Натпреварите ќе се одиграат на 28. мај (недела) од 17 часот, а ФФМ дополнително ќе ги определи местата на одигрување.

Бараж натпревари за 2 МФЛ:

ТЕТЕКС – ОСОГОВО

БАШКИМИ – ВЛАЗРИМИ

ВАРДАР Неготино – НОВАЦИ

  • Недела, 28. мај во 17:00 часот

Се вчитува...