Барди асистираше…, но Леванте загуби и покрај водство од 2-0 против Валенсија (ВИДЕО)

Леванте и Енис Барди имаа предност од 2-0 против Валенсија се до 45. минута од градската пресметка во 16. коло од Ла Лига, но дозволија четири погодоци во својата мрежа и на крајот убедлив пораз од 2-4.

Македонскиот репрезентативец му асистираше во 11. минута на Марти Роџер за првиот погодок на Леванте за водство од 1-0…

Потоа, на 2-0 зголеми повторно Роџер Марти во 20. минута од пенал, за да истиот играч неспретно реагира во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме за 1-2.

Во вториот дел Гамеиро постигна два брзи погодоци на почеток за 2-3, а конечните 2-4 ги постави Торес во 88. минута.

Се вчитува...