Барди е најдобриот странец во 111-годишната историја на Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е најдобриот странец во 111-годишната историја на шпански Леванте, според најугледниот шпански спортски весник „Марка“.

Барди, поради повреда, не беше дел од тимот кој во Тбилиси го обезбеди историскиот пласман на ЕП. Но, пред собирот на репрезентацијата го запишата својот јубилеен 100. натпревар во дресот на Леванте. Ако се знае дека е и најдобриот стрелец странец во историјата на клубот, иако се работи за фудбалер од средниот ред, тогаш јасен е изборот на „Марка“.

„Откако дојде во во јуни 2017 година е вистинско освежување за Леванте. Барди се промовираше како најдобар стрелец-странец во клубот со 19 гола, кои ги постигна досега низ три сезони во тимот од Валенсија.. Го мина Мустафа Рига, кој досега беше рекордер со 17 гола. Има веќе и 100 натпревари во дресот на Леванте и тој е само деветтиот фудбалер кој стигнал до троцифрен број на настапи во најсилната лига во Шпанија“ – пишува „Марка“.

Се вчитува...