Барди го елиминираше Фенербахче од Купот на Турција

Екипата на Коњаспор направи големо изненадување во Купот на Турција, откако го исфрли од ова натпреварување гигантот Фенербахче со победа од 1-0 остварена во продолженијата.

Македонскиот интернационалец Енис Барди играше како стартер за победничкиот тим, и излезе од игра во 76. минута при 0-0.

Мечот беше решен дури во судиското надополнување од второто продолжение кога Јевтовиќ погоди од пенал за предност и за голема победа на Коњаспор, со што ќе има можност да се бори за трофеј во Турција.

Се вчитува...