Барди и Леванте го клекнаа „кралот“ на колена

Леванте и Енис Барди остварија голема победа (1-0) над Реал Мадрид и ги симнаа „кралевите“ од првото место на табелата во Ла Лига. Тимот на Зинедин Зидан по ремито во минатото коло, доживеа пораз на „Естади сиудад де Валенсија“ и сега има два бода негатива во однос на Барселона, и тоа во пресрет на „Ел Класико“. Барди одигра речиси совршен натпревар на средината на теренот.

Реал Мадрид имаше шанси, најдобрата ја пропушти Еден Азар на почетокот на вториот дел кога излезе сам пред противничкиот голман и не успеа да го надмудри. И потоа стигна казната. Во 79.минута, Хозе Моралес распали откосо од левата страна, го изненади Тибо Куртоа, постигна фантастичен гол и го клекна „кралот“ на колена. Тоа е десетта победа за Леванте оваа сезона и со 32 бода се наоѓа на десеттата позиција на табелата.

Се вчитува...