Барди и Леванте по 14 меча се уште без триумф во Ла Лига

Леванте дури и по 14 комплетирани кола не успева да стигне до прв триумф во шпанската Ла Лига откако тимот на нашиот Енис Барди вечерва ремизираше 0-0 на домашен терен против Атлетик Билбао.

Двата тима имаа свои шанси да стигнат до триумф, но мрежите мируваа до последниот судиски свиреж. Дополнителен проблем за фудбалерите на двата тима предизвика обилниот дожд, поради кој поплавениот терен беше исклучително тежок за контролирање на топката.

Барди беше стартер и остана на теренот до 72. минута, кога беше заменет со Гомез.

Леванте по првите 14 кола има седум бода (седум реми и седум порази) и се наоѓа на претпоследното место на табелата, со еден бод предност во однос на „фенерџијата“ Хетафе.

Се вчитува...