Барди и Леванте во позитивна низа: Триумф и над Елче (ВИДЕО)

Леванте продолжи со позитивната низа во Ла Лига, триумфирајќи и против Елче со убедливи 3-0 во 26. коло.

Веќе трет едноподруго натпревар Леванте е без пораз, сега повторно запишувајќи победа која беше најавена со голот на Моралес уште во 37. минута од средбата.

Во второто полувреме беа постигнати уште два погодоци, најпрво преку Де Фрутос во 67. минута, а потоа и преку Молеро во 90. минута за конечни 3-0.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 76. минута средбата, одигрувајќи ги последните 20 минути.

Се вчитува...