Барди-манија: Турските гиганти Галата и Фенер се вклучија во трка за Македонецот

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе биде една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок во Европа. По Арсенал и Фиорентина, како и бундеслигашите Ајнтрахт Франкфурт и Штутгарт, во трката за потписот на Барди се вклучија и турските гиганти Галатасарај и Фенербахче, пишува турскиот Fotospor.com.

Легендарниот Фатих Терим лично се заложил за трансферот на Енис Барди, телефонски го контактирал и му ветил дека ќе ја добие „десетката“ на Галатасарај ако одлучи да се приклони кон црвено-жолтиот дел од Истанбул. Но, и Фенербахче, поранешниот клуб на Елиф Елмас, сака да го има Барди во тимот од следната сезона, пишуваат турските медиуми. Двата клуба се подготвени да ја израмнат понудата на Арсенал вредна 20 милиони евра.

Се вчитува...