Барди нема да игра на „Камп ноу“ против Барса

Енис Барди не настапи на првиот дуел против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а македонскиот ас нема да биде во комбинација за настап ниту на пресметката со Барселона што го очекува Леванте претстојниот викенд.

Тој се опорави од својата повреда и влезе во игра во второто полувреме од вечерашниот меч со Леганес, но заработи жолт картон. Ова е четврти картон за Барди сезонава, што значи и автоматска суспензија од еден меч, што е вистински малер во ситуација кога претстојниот предизвик за Леванте е дуелот со лидерот Барса.

Енис Барди сезонава настапи на 14 натпревари за Леванте, постигнувајќи четири погодоци.

Се вчитува...