Барди се врати на терените, Леванте во финишот до бод во дербито со Валенсија (ВИДЕО)

Енис Барди одигра 74. минути за Леванте во дербито против Валенсија кое заврши без победник 1-1. Ова беше првиот натпревар по паузата поради коронавирусот за Барди, кој беше дел од 28. коло од шпанската Ла лига. Првото полувреме помина во израмнета игра на двата тима во која ниту еден од противниците не успеа да создаде сериозна шанса, по што на пауза се замина со почетните 0-0. Во вториот дел Валенсија беше подобар противник, а од 74. минута имаше и играч повеќе, откако Марти Рожер доби втор жолт картон. Во истата минута теренот го напушти и нашиот репрезентативец Енес Барди. Леванте се бранеше со сите сили, но одбраната попушти во 90. минута кога Родриго постигна гол за предност на домаќините од 1-0. Сепак, големата глупост на Диакаби ги чинеше домаќините победа. Тој направи фаул во 95. минута кој сигурно го изведе Гонзало Мелеро и донесе голем бод за гостите.

На табелата Валенсија останува седма со 43 бода и до крајот ќе ја очекува борба за едно од местата во Лигата на Европа, додека Леванте е 12. со 34 бода и далеку од местата кои водат во Европа, но и далеку од зоната на испаѓање.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...