Барди се врати на терените, Леванте во финишот загуби од Севилја… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, по паузата поради повреда и пропуштањето на октомвриските репрезентативни настапи, повторно се врати на терените. Барди ги одигра последните 30 минути од гостувањето на Леванте во Севилја во 9. коло од Ла Лига.

Леванте загуби во самиот финиш од натпреварот со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Севилја беше Лук Де Јонг во 86. минута од средбата…

По оваа победа Севилја се врати на шестата позиција на табелата со 16 досега освоени бодови.

Се вчитува...