Барди стартер, Леванте со пресврт до триумф против Селта

Леванте оствари важен триумф (3-1) над Селта откако Роџер се погрижи за пресврт во второто полувреме од натпреварот. Селта поведе со голот на Иаго Аспас во 12.минута, но Роџер стрелаше двапати во 60. и во 70.минута за комплетен пресврт на овој дуел. Борха Мајорал во судиското продолжение постигна трет погодок за Леванте за заверка на победата.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте, кој се наоѓа на деветтата позиција со 26 бода.

Се вчитува...