Барди во моментот е „снајпер број 1“ во Топ 5 лигите во Европа

Енис Барди е хит во Шпанија, но и во останатите Топ 5 лиги во Европа. Македонскиот репрезентативец во моментот е најголемиот мајстор за слободни удари во петте најквалитетни европски фудбалски првенства. Во новата сезона, тој е единствениот што има постигнато два гола од прекин на игра, во првенствата на Шпанија, Англија, Италија, Германија и Франција.

bardi se kara

Својот талент за изведување на слободни удари Барди го докажа уште еднаш и на синоќешниот меч меѓу Леванте и Реал Сосиедад. Во 89.минута, беше досуден слободен удар за Леванте, а неговиот соиграч Иви посака да го изведе. Меѓутоа, публиката го скандираше името на Барди, а и тренерот Хуан Муњиз му ја даде довербата на Македонецот. Следеше прекрасен проектил и трет гол за Леванте на дуелот со Реал Сосиедад.

Претходно, Барди беше стрелец од слободен удар и на мечот против Депортиво Ла Коруња во Ла Лига, а трипати стрелаше и во подготвителниот период.

Се вчитува...