Преголемата конкуренција во средниот ред на Челси го натера Рос Баркли да си замине од „Стемфорд бриџ“ во клуб каде ќе добие поголема минутажа за да ги покаже своите квалитети. Астон Вила е новиот тим на англискиот репрезентативец, откако челниците на овој премиерлигаш се договориле со Челси за условите за едногодишна позајмица на Баркли.
„Пресреќни сме што можеме да го објавиме потписот на Рос Баркли на едногодишна позајмица од Челси. Станува збор за играч со 33 настапи за англиската репрезентација, кој зад себе има и 52 натпревари во дресот на Челси“, објави Астон Вила на официјалната веб-страница.
Баркли беше член на Челси од јануари 2018 година, кога пристигна во Лондон од редовите на Евертон, клуб за кој дебитираше на 17-годишна возраст и за кој имаше 179 настапи во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА