Баркли направи голема грешка: Ако Голден Стејт е шампион ќе изедам чинија со коњски гомна

Голден Стејт Вориорс стигнаа до четвртата шампионска титула во последните осум години и ја продолжија доминацијата во НБА лигата. И покрај тоа што финалната серија против Бостон не започна најдобро, кошаркарите од Сан Франциско одиграа одлично кога беше најпотребно па негативата од 2-1 ја претворија во победа од 4-2.

Многумина предвидуваа победа на претставникот на Источната конференција, а еден од нив беше и Чарлс Баркли, легендарниот кошаркар кој во пензија е стручен коментатор. Тој во облог со Кени Смит отиде и чекор понаму изјавувајќи дека ќе изеде чинија со коњски гомна доколку Голден Стејт го освои шампионскиот трофеј.

„Слушај, ако Голден Стејт го победи Бостон во финалето, верувај дека ќе се снимам како јадам чинија со коњски гомна. Не лажам Кени, потсети ме за некоја недела“, изјави Баркли.

Дали поранешниот ас на Феникс ќе остане доследен и ќе ја заврши кладбата останува да видиме…

Се вчитува...