Барнли го освои „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед го забележа вториот последовен пораз во Премиер – лигата откако на „Олд Трафорд“ загуби од Барнли со 0-2. Тимот на Оле Гунар Сослкјер одигра уште еден очаен натпревар и останува на петтото место на табелата со 34 бода, шест помалку од четвртопласираниот Челси.

Крис Вуд во 39.минута го изненади Давид де Хеа, а во 56.минута забележа асистенција за Џеј Родригез кој ги шокираше домашните фанови на стадионот. Барнли по овој триумф се искачи на 13.позиција со 30 бода.

Се вчитува...