Барнли загуби на домашен терен, Вест Хем го продолжува сонот за пласман во ЛШ

По два порази во низа, фудбалерите на Вест Хем дојдоа до голема победа против тимот на Барнли, па со резултат од 1-2 обезбедија нови три бода со кои ја продолжуваат борбата за пласман во Лигата на шампиони.

Натпреварот го отворија домаќините во 19. минута, откако главниот арбитар досади удар од белата точка, а Крис Вуд рутински го реализираше пеналот. Сепак, за неколку минути фудбалерите на Вест Хем направија одлична акција која им донесе брз гол и израмнување на резултатот (1-1) во 21.-та минута. Михаил Антонио беше прецизен со глава, а истиот фудбалер во 29. минута донесе целосен пресврт на мечот и повторно ја зартесе мрежата на домаќините, донесувајќи предност од 1-2.

Вториот дел беше исто така возбудлив со по неколку шанси на двете страни, сепак резултатот остана истиот од првото полуверме. Вест Хем сега се наоѓа на петата позиција со 58 освоени бодови, па се доближи на само два од позицијата четири која води до пласман во Лигата на шампиони.

 

 

 

Се вчитува...