Барнс донесе минимален триумф на Лестер против Лидс (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лестер стигнаа до минимален триумф над Лидс од 1-0 во премиерниот натпревар од 28. коло во англиската Премиер-лига. По првото полувреме кое помина без голови, клучниот момент се случи во 67. минута кога Харви Барнс на асистенција на Келечи Ихеаначо ги постави конечните 1-0.

До крајот гостите иако напаѓаа со сите сили не успеаја да го загрозат голот на Каспер Шмајхел па на крајот забележаа нов пораз во Премиер-лигата. Лестер со овој триумф изби на 10. позиција на табелата со 33 бода, додека Лидс останува 16. со 23 бода.

 

 

 

 

 

Се вчитува...