Барсa безпомошна: Лапорта од очај го враќа Алексис Санчез на „Камп Ноу“

Барселона и понатаму тоне во криза, а Жоан Лапорта на секој можен начин бара алтернативни решенија за спас на клубот и сезоната. Факт е дека „каталонците“ се во катастрофална финансиска состојба па во јануарискиот преоден рок немаат речиси никаков буџет за да доведат нови играчи.

Раководството на Каталонците ќе се обиде да дојде до нови играчи преку трампи или позајмици. Многу работи ќе зависат дали ќе успеат да продадат некои од ѕвездите на тимот, кои имаат поголема вредност на трансфер-пазарот.

Последната шпекулација во шпанските медиуми е дека Чави сака во Барселона да го врати Алексис Санчез, кој моментално ја грее клупата во Интер. Чилеанецот играше за тимот од „Камп Ноу“ од 2011 до 2014 година и на 88 натпревари постигна 39 голови.

Барселона е подготвена да го врати Лук де Јонг во Севилја, од каде дојде на позајмица, а потоа Холанѓанецот треба да замине во Интер како замена за Санчез.

Се вчитува...