Барса е подготвена да влезе во нови долгови поради Нико Вилијамс

Нико Вилијамс беше еден од најдобрите фудбалери на неодамна завршеното Европско првенство. Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао брилјираше во дресот на Шпанија и круниса совршен турнир со гол во финалето. Секако, тоа го стави на листите со желби на бројни клубови, меѓу кои и Барселона.

Не е тајна дека Барселона би сакала да го доведе, но долго време не се тајна ниту финансиските проблеми во кои се наоѓа каталонскиот гигант. И тоа секако ја отежнува борбата на Барселона за потписот на Вилијамс.

Покрај голот во финалето, Вилијамс забележа уште еден гол и две асистенции на шест натпревари на Евро. Вилијамс има договор со Билбао до крајот на сезоната 2026/27, но има и ослободителна клаузула вредна 58 милиони евра.

Барселона својата шанса ја гледа во шпекулациите дека Вилијамс сака да остане во Шпанија. И токму затоа шпанските медиуми пишуваат дека Барселона е подготвена да подигне нова позајмица за да го донесе Вилијамс во своите редови.

Неодамна Каталонците подигнаа заем од 100 милиони евра за да можат да ги платат трошоците во наредниот период.

Се вчитува...