Барса е завршена приказна за Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез пред една година изјавуваше дека сонува да заигра крај Лео Меси во Барселона, но на аргентинскиот голгетер веќе му е јасно дека тој сон нема да се оствари. Барса одби да ја активира клаузулата од 111 милиони евра за раскин на неговиот договор со Интер, клубот од Милано не ни помислуваше на продажба на одличниот напаѓач, кој на крајот се помири со судбината дека нема да се пресели на „Камп Ноу“.

Мартинез во последната изјава за „Газета дело спорт“ потврди дека шансите за трансфер во Барселона се сведени на нула, а тој очекува во најскоро време да потпише нов договор со Интер, иако актуелниот му истекува во јуни 2023 година.

„Вистина е дека преговарав со Барселона, дека бев блиску до заминување во овој клуб. Сепак, тој трансфер не се реализираше минатото лето, а сега тоа е завршена приказна за мене. Размислувам само за Интер, тоа го знаат и тренерот и управата, како и сите соиграчи. Ќе седнеме на маса и ќе се договориме за продолжување на соработката, тоа нема да биде никаков проблем“, изјави 23-годишниот Лаутаро.

Се вчитува...