Барса ги потврди лошите вести: Торес не може да биде регистриран поради Дембеле!?

Спортскиот директор на Барселона, Матеу Алемани, потврди дека поради непланираниот епилог на преговорите со Усман Дембеле, овој клуб не може да го регистрира Феран Торс, па тоа ќе се обиде да го направи продавајќи други фудбалери.

Торес пристигна во Барселона пред една недела, но поради финансиската фер игра, не може да биде регистриран. Единствен излез е Барселона да продаде уште еден фудбалер кога веќе тоа не го направила со Дембеле.

Алемани верува дека се уште ништо не е изгубено.

„Ферен Торс не може да биде регистриран, но се надеваме дека ќе можеме да ја решиме ситуацијата. Продажбата на Демир би помогнала, работиме на тоа. Ќе видиме што ќе се случи со Лука де Јонг”, рече директорот на Барса.

Се вчитува...