Барса го бара Бентанкур, Јувентус бара 60 милиони евра

Барселона е заинтересирана за фудбалерот на Јувентус, Родриго Бентанкур. Каталонците би сакале да го видат талентираниот Уругваец во своите редови пред крајот на преодниот рок.

Бентанкур би можел да ја напушти „Старата дама“ поради минимални улоги во првата постава, како и огромна конкуренциија која беше доведена ова лето, Адријан Рабио и Арон Рамзи.

22-годишниот фудбалер за врска во Торино дојде во 2017 година, а се наведува дека Сари би го пуштил за 60 милиони евра. Причината за високата сума е тоа што Бока јуниорс располага со права од 50% од следната продажба.

Се вчитува...