Барса го губи трпението – Дембеле на трансфер-листа или на трибини

Барселона бара начин како да го продаде Усман Дембеле, па дури во опција е да го остави на трибините до крајот на сезоната, а потоа да замине како слободен агент. Раководството ќе разговара со Чави за оваа можност, но се чини дека тренерот нема да прифати таква можност, со оглед дека неговото мислење е дека треба да бидат во комбинација сите играчи кои се под договор.

Барса се обидува да врати дел од парите кои ги плати за Дембеле во 2017 година – 140 милиони евра на Борусија Дортмунд. Сега бара 45 милиони евра, односно за стотина милиони помалку од она што го купи.

За него во моментов има интерес од Јувентус, „старата дама“ начелно постигна договор за да го ангажира како слободен играч, но проблем е фактот што Барселона ќе стори се за да го продаде Французинот во јануари и да не дозволи тој без никаква отштета да си замине во текот на летото. Доколку Дембеле не се согласи на зимски трансфер, следните пет месеци ќе ги мине гледајќи ги натпреварите на ТВ и тренирајќи со младинската екипа.

Се вчитува...