Барса го освои „Олд Трафорд“, Јувентус непоразен во Амстердам

Барселона успеа да го совлада Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-1 и направи голем чекор напред кон пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите. Луис Суарез во 12.минута беше стрелец на голот за каталонскиот тим, иако официјално се води како автогол на Лук Шо, кој се обиде да го спаси погодокот на гостите. Тимот на Оле Гунар Сослкјер беше комплетно немоќен во првиот меќ од четвртфиналето, не создаде ниту една можност пред голот на Тер Штеген на овој меч. Во финишот, Суарез пропушти шанса за втор гол за Барселона, а Де Хеа го одбрани шутот на Меси од слободен удар.

Италијанскиот првак Јувентус заминува непоразен од Амстердам, откако одигра 1-1 против Ајакс. Кристијано Роналдо во 45.минута со одличен удар со глава донесе водство, но холандскиот тим израмни на самиот почеток на вториот дел, преку Давид Нерес. Сепак, ќе биде интересно и на реваншот во Торино, со оглед дека Ајакс покажа дека знае да одигра одлично на гости елиминирајќи го Реал Мадрид.

Се вчитува...