Барса го продава Нето, Димитриевски е чекор поблиску до „Камп Ноу“

Столе Димитриевски е чекор поблиску до трансфер од соништата во Барселона, откако каталонскиот гигант реши да го продаде резервниот голман Нето. Шпанските медиуми пред една седмица најавија дека Барса ќе го продаде Нето и потоа ќе тргне по потписот на Димитревски, нешто што се остварува со денешната информација дека бразилскиот чувар на мрежата е блиску до камбек во татковината.

Фламенго е клубот што тргна во нова офанзива за потпис на бразилскиот голман, откако минатото лето не успеа да го договори неговиот трансфер. Тогаш Барселона не сакаше да го продаде резервниот голман, но овојпат ситуацијата е поинаква, Нето зема и значително повисока плата од она што би му било понудено на Димитриевски, a добро познато е дека каталонскиот гигант има сериозен проблем со превисокиот буџет за плати што мора што поскоро да биде решен.

Во меѓувреме, Столе Димитриевски по двата негативни теста доби право да настапи за Рајо Валјекано на утрешниот натпревар против Атлетико Мадрид. Доколку се реализираат најавите за мегатрансфер, ова би можел да биде и последниот меч за Димитриевски на голот на Рајо, пред преселбата на „Камп Ноу“.

Се вчитува...